Ја нема, засега ни опозицијата. Македонија, од оваа состојба на безвластие може да излезе само со брзи, многу брзи избори најдоцна за три месеци од сега.

Со 60 пратеници СДСМ и ДУИ не можат да прават реконструкција на владата после тешкиот изборен пораз, не можат да носат нови закони за нивни интерес, а прашање е и како ќе се усвои буџетот за 2022 година.

Можно е да се купи еден-два пратеника за одредена намена но, тоа е веќе корупција која ова власт ја плати со тежок пораз на изборите и губење меѓународна поддршка. Изјавата на пребеганиот пратеник од БЕСА дека “меѓународен фактор“ му советувал да не гласа за соборување на владата е приказна за мали деца.  Причината да не дојде и гласа во Собрание е крупна, многу крупна корупција исплатена на рака. Нема тука мешање на “странски фактор“, туку е само изговор на пратеникот од БЕСА за земениот поткуп.

Ниту пред, ниту за време, ниту по изборите ниеден “меѓународен фактор“ не се мешаше во изборите, а знаеме како тоа изгледа кога мешање имало. Исто така, секому е јасно, дека до декември Бугарија нема да има ни влада, а камоли согласност Македонија да ги почне преговорите за ЕУ кои, патем, не значат ништо за политичкиот и економскиот живот во Македонија сега, ниту во наредните години.

Затоа, во иднина, оваа корупција и купување пратеник од БЕСА ќе биде сигурно предмет на темелна истрага и одговорност и за тој што дал, а и за тој што прмил поткуп. На овој начин се подрива уставниот и демократски ситем на државата, а политичката воља завршува на касата на СДСМ и ДУИ.

Тоа го направи Амди Бајрам кога СДСМ подготвуваше ново парламентарно мнозинство во 1999 година. Амди преговараше со Црвенковски и прифати да биде дел од новото парламентарно мнозинство за пад на владата на Љубчо Георгиевски, но потоа го измами Црвенковски и не го исполни договореното. Веднаш по враќање на власт од страна на СДСМ во 2002 година, Амди Бајрам беше осуден на 4 години затвор кој го одлежа.