Движењето ЗНАМ кое порасна во трет политички субјект во Македонија е во очите на јавноста, а оттука се наметнува и прашањето со кој би коалицирала оваа партија.

Максим Димитриевски, лидерот на ЗНАМ зборуваше за евентуална соработка со најголемите две политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Утрово СДСМ ја одби понудата на Максим Димитриевски. Тој побара за евентуална соработка со СДСМ единствен услов е оставка на актуелното раководство, а носителите и коносителите на изборни единици на нотар да изјават дека нема да ги прифатат пратениичките мандати.

Од СДСМ во нивната реакција наведуваат дека нема да прифатат понуди од „поединец-партија“ наведувајќи дека „СДСМ е државотворна партија“.

Максим Димитриевски ги потенцира клучните барања за постизборна соработка – усогласеноста со ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени и ставот за ДУИ не се доволни

Претходно, Максим Димитриевски ЕКСКЛУЗИВНО за нашиот медиум откри под кои услови би коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ.

Максим Димитриевски откри со кој ќе коалицира по изборите

Максим Димитриевски вели дека ќе коалицира со оној кој ќе ги прифати неговите услови. Претходно, во текот на гостувањето Димитриевски рече дека кога се во прашање националните интереси цврсто стои за „најнападнатите“ работи: Јазикот, индетитетот и историјата.

Ќе бидам конструктивен. Ние ќе коалицираме со тие кои ќе седнат со нас на маса, тоа што ние ќе го понудиме и ќе ги прифатат нашите услови. Така си функционираат веќе 30 години, ние ќе поставиме услови, вели Димитриевски за Радио Лидер.

Останува да видиме ЗНАМ дали ќе добие двоцифрен број пратеници и со кој би коалицирал на крајот.