Повеќе за сите, СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари, највисока досега. СДСМ обезбедува повеќе за сите граѓани, соопштија од партијата

Во продолжение соопштението: 

Економските мерки и политики на СДСМ ја покачија просечната плата во државата на речиси 39.000 денари, или 630 евра.

Ова е историски највисока просечната плата досега, драстично повисока во спроредба со времето на ДПМНЕ

Со ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата беше 360 евра, дури 270 евра помала од сегашната.

Изборното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра во 2024 година предвреме е исполнето , но и значително надминато.

СДСМ на дело покажува како се цени и вреднува трудот на работниците.