Во продолжение го пренесуваме соопштението на СДСМ:

Само Бугарија и Мицкоски се незадоволни од силната и јасна поддршка на Германија и канцеларот Олаф Шолц за европската иднина на државата и за македонскиот идентитет, јазик и посебност.

Пречестото менување ставови од страна на Мицкоски, за европската иднина на земјава, за македонскиот јазик, не говори добро за него и покажува дека можеби е целосно загубен.

Мицкоски има единствена прилика да се приклучи на процесот на реализација на стратешката цел за членство во ЕУ.

Ако ја прокоцка и оваа шанса, тогаш дефинитивно ќе биде запаметен како заложник на Апасиев, како полиитичар кој секогаш, без исклучок, не поддржал ниту една одлука за иднината на земјата и правел се за да го закочи напредокот на државата.

Изборот е пред Мицкоски, ќе ја поддржи државата или ќе биде деструктивниот политичар, кој наместо за државните и националните, работел за нечии туѓи интереси.