По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите.

За реализација на оваа стратешка цел на државата, неопходни се потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени.

Одговорноста за европската иднина на земјата е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не дава одговор дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во антиевропски блок.

Мицкоски стои пред одлуката, дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник, Никола Груевски.

Бегалецот Груевски, 11 години, од 2006 до 2016 година, го одолговлекуваше и го блокираше патот на Македонија кон ЕУ, ја претвори државата во заробена, скарана со соседите, во меѓународна изолација, со сваровски судство, диктирање пресуди по телефон, без слобода на медиумите.

Изборот е интеграција или изолација.

Центар за комуникации на СДСМ