СДСМ најавува минимална плата која ќе биде над 20.000 денари, а нивното соопштение на оваа тема ви го пренесуваме во продолжение:

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи обезбедува постојан раст на минималната плата.

Во март годинава минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува над 20.000 денари.

Со методологијата донесена минатата година преку дијалог со сите засегнати страни, се обезбедува континуиран раст на минималната плата, како системско решение независно од нечија политичка волја.

Минималната плата лани е покачена на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 9.000 денари.

Со мерките и политиките на СДСМ платите растат и во време на криза.

Центар за комуникации со јавноста