Лидерот на опозициската СДСМ упати низа критики на конто на владата и нејзината надворешна политика. Гласањето на резолуцијата на иста линија со Америка според него е „хаотично и неразбирливо“.
За Филипче гласањето на резолуцијата е „хаотична и неразбирлива“
Ваквите критики најблага кажано се нејасни ако се земе предвид дека додека СДСМ беше опозиција тие целосно проамерикански ориентирани, но сега нагло ја сменија реториката.
„Ќе беше многу помудро да гласавме ’за’ двете резолуции и тоа ќе беше принципиелна и стабилна одлука, којашто ќе ја зајакнеше нашата позиција, ќе го зајакнеше нашето партнерство и со ЕУ и со САД. Притоа тие две резолуции не се косат една со друга – туку се надополнуваат. Франција, Германија и Италија и многу други земји ја поддржаа американската резолуција, која што ние ја коспонзориравме. Прашањето е зошто не сме гласале“, вели Филипче.
Мицкоски му одговори на Филипче
Мицкоски денеска од неговата посета на Општина Неготино возврати со контрааргументи и одговори на критиките.
Ние бевме коспонзори на таа резолуција заедно со уште неколку држави, Израел, Унгарија и Грузија. И ќе ја потсетам македонската јавност дека таа е обврзувачка резолуција, бидејќи помина на Советот за безбедност, каде останатите членки кои се постојани, но и оние кои се ротирачки, не гласа против, што значи ја поддржаа резолуцијата позади која како коспонзор се јавува нашата македонска Влада, односно нашиот претставник во Обединетите нации, рече Мицкоски.
Македонската влада во координација со САД
Во меѓувреме, појасни дека кога требало резолуцијата да се гласа во Генералното собрание биле поднеснеи неколку амандмани, најголемиот дел биле одбиени, а еден прифатен и тогаш предлагачот САД, го искористил правото и гласал воздржано. Македонската Влада, нагласи, била во целосна координација со САД и тие гласале воздржано.
МНР му одговори на Филипче
МНР му одговори на Филипче. Упатија критики кон Филипче на тема: надворешна политика. Оттаму велат дека за СДСМ поважна е дневната политика, отколку долгорочните државни интереси и долгорочното зацврстување на меѓународната позиција на Република Македонија.
Во наведениот контекст уште еднаш повторуваме дека неодамнешните одлуки во врска со гласањето на нашата држава за резолуции на Генералното собрание на Обединетите нации се донесени врз основа на редица остварени дипломатски контакти, темелно извршени анализи, спроведени домашни консултации, усогласеност со утврдените позиции на влијателните меѓународни чинители и во координација со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Уште поважно, тие ја потврдуваат стратешката ориентација на нашата држава кон градење стабилна и предвидлива позиција на меѓународната сцена, како и зајакнување на односите со нашите стратешки партнери, велат од МНР.
Дополнително, овие одлуки се потврда за конзистентната меѓународна политика на државата додадоа од МНР.
„Не смееме да бидеме пасивен набљудувач без јасен став“
Нашиот стремеж да бидеме активен, конструктивен и кредибилен партнер во процесите на изнаоѓање решенија за актуелните геополитички предизвици, а не пасивен набљудувач без јасен став. Од МНР потсетија дека ова случај за време на претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Воедно, како што и самиот господин Филипче потенцираше, а за тоа говорат и досегашните активности и одлуки, токму честите посети на највисоко и високо политичко ниво во САД се потврда за нашата цврста заложба за зајакнување на партнерството и билатералната соработка со САД. Таквите засилени дипломатски активности дополнително ја потврдуваат и нашата понатамошна посветеност во правец на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и силната приврзаност кон процесот на европска интеграција – кој останува еден од највисоките надворешно-политички приоритети на државата, заклучија од МНР.