Во продолжение интегрален текст од соопштението на СДСМ:
Расте нервозата во Белата плата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во собранието по налог на Мицкоски, се обидуваат да создадат тензии и инциденти, за да го одбранат криминалот.
Секогаш кога во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни, прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки.
Јавноста се увери дека ВМРО-ДПМНЕ се виновниците кои го предизвикаа инцидентот во Комисијата за европски прашања.
Но тоа не е прв пат. И претходно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваа дрско и безобразно и на Комисијата за политички систем и на Комисијата за образование, кога претседателките на комисиите беа физички напаѓани од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, но треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, не се брани криминалот со деструкции во Собранието.
СДСМ, како парламентарно мнозинство нема да дозволи во Собранието да надвладее хаосот, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокади повторно ќе бидат неуспешни.