Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ги излажа скопјани, ВМРО-ДПМНЕ направи катастрофа во Скопје. Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски, за која тој лобираше кај граѓаните и ги повикиуваше да гласаат за неа, како за најдобра менаџерка, се покажа како најнеспособен градоначалник на Скопје, соопшти СДСМ.
– По една и пол година од мандатот Скопје нема реализација на ниту еден важен проект, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, градскиот превоз е нефункционален, јавните претпријатија се во хаос. Нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, како реконструкцијата на Универзална сала и мостот АСНОМ, а изградбата на улицата Есенинова и клучката кај Момин поток, стојат во место, се вели во соопштението до СДСМ.
Од владејачката партија велат дека „наместо да работат на решавање на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на градот“.
Според СДСМ, „ВМРО-ДПМНЕ ја прокоцка шансата што граѓаните на Скопје му ја дадоа на последните локални избори“.