Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат реални и видливи резултати. Денес, и во време на светска економска криза, македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна. Потврда за тоа е последната инвестиција во државава – инвестицијата на тајванската компанија Јагео која ќе инвестира 205 милиони евра во нови фабрики и ќе вработи 4.000 лица во ТИР зоните во Скопје и Штип, соопшти СДСМ.
„Со ова, инвестицијата на Јагео станува најголемата странска директна инвестиција во независноста на државата. Ова е уште една потврда за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, потврда дека македонската економија е препознаена како атрактивна за реномираните и високотехнолошки компании во светот. Продолжуваме да реализираме мерки и политики што обезбедуваат економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани“, соопшти СДСМ.