СДСМ, како државотворна политичка партија со поддршка на меѓународните партнери, ќе направи се да ја постави државата на маса на новата геополитичка реалност.
Подаваме рака, секој да се приклучи во остварувањето на оваа државна цел.
Нашата нова голема тема, голема идеја е големо општествено и националано помирување и обединување околу европскиот концепт, околу европскиот пат на државата!
Време е да се мобилизираат сите прогресивни сили кои ги делат европските вредности.
Време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднината на државата.
Да кажеме НЕ за нови делби, да кажеме НЕ за нови лажни пророци. Да кажеме ДА за обединување, за обединување во најширока смисла – национална, меѓунационална, политичка и државна! Тоа е врвот на современиот патриотизам.