– Поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните. Блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, одново се поразени. Разликата е очигледна додаваат оттаму.
Според ни парламентарното мнозинство сторило сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеле сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.
– Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнето од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција, велат од СДСМ.