Вчера Орце Ѓорѓиевски ја започна големата тридневна акција за чистење на Скопје, а ваквиот потег на Ѓорѓиевски наиде на критики од опозициската СДСМ. Меѓу многутемина, СДСМ со критики и кон својот, веројатно најуспешен градоначалник од нивните редови, Горан Герасимовски кој е прв човек на Општина Центар.
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови. Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот, велат од СДСМ и одат против својот градоначалник Герасимовски.
Синоќа, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со екипите на Град Скопје, се впушти во големата акција за чистење на општината.
„Со Град Скопје почнавме голема акција за чистење на Центар. Во акцијата е вклучена целата механизација на општината и сите наши вредни хигиеничари ќе го чистат сметот од контејнерите, улиците и булеварите. Упатувам голема благодарност за секој еден хигиеничар кој секојдневно ја докажува својата грижа за Центар. Да ја чуваме чистотата, тоа е наша заедничка одговорност!“ – порача Герасимовски.
Од Општина Центар информираат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови, со цел да се подобри хигиената на јавните површини и да се исчистат сите критични точки низ општината.
Граѓаните се повикани да придонесат кон одржувањето на чистотата, а локалните власти најавуваат дека ваквите акции ќе станат редовна практика за поуреден и почист Центар.
