На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните и државата – Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што е важен документ во борбата против високата корупција.
Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, за овие закони дел од 32. седница поднесе голем број на амандмани, но истите им беа отфрлени. Затоа, тие одбиваа да направат кворум за СДСМ да си ги изгласа законите по свое, иако тврдеа дека имаат мнозинство. Владејачкото, ако може да се нарече мнозинство, овие закони ги изгласа дури кога двајца пратеници кои се позитивни на коронавирусот отидоа во салата на гласање, а од своите домови беа земени со амбулантни возила.
– Додека пратениците од парламентарното мнозинство беа на своите работни места и ги носеа законите, пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од салата трошејќи ги платите и парите за патни трошоци што граѓаните преку Буџетот им ги обезбедуваат. Тоа е потврда за неодговорно, ненародно и деструктивно однесување на опозицијата. Несериозно е постапувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, одбирајќи на која седница ќе присуствуваат а на која не, пратениците не се платени само за 36 седница, тие треба да се присутни на сите седници, затоа примаат плата од граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.
Партијата им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека поради таквото нивно однесување шест пати на избори беа поразени од граѓаните и дека им претстои пораз и на локалните избори наесен.