Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на соопштението на СДСМ по локалните избори, оценувајќи дека владејачката партија е „сè уште под шок“ од резултатот.

„СДСМ нека се консолидираат, нека се вразумат, нека ја сфатат пораката од граѓаните. Немаме што друго да додадеме на ова соопштение на СДСМ, кое сигурно не е ни став на партијата, туку е изнудена и соло реакција на некој индивидуалец што не разбира политика и им го хакирал мејлот на СДСМ,“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека вакво соопштение би можел да напише само некој кој е „тотално надвор од реалноста“.

„На два дена по катастрофата што им се случи, само некој што не е од земјава или е тотално во аут од случувањата и без разбирање на комуникации, би составил вакво соопштение од нигде никаде,“ се наведува во реакцијата.