СДСМ во Битола го одбележа пријателството со Русија и положи цвеќе и оддаде почит на рускиот конзул Александар А. Ростковски.

На покана на Здружението за македонско-руско пријателство од Битола, делегација предводена од претседателот Методија Куновски, положи цвеќе и оддаде почит на рускиот конзул Александар А. Ростковски, убиен во Битола во 1903 година. Во негова чест, во Градскиот парк, подигнат е споменикот „Руски крст“ и се одржува Манифестацијата “Денови на Ростковски”. Слава му!- напишаа на социјалните мрежи.