На политичката сцена на локалните избори ќе се врати Емилијан Станковиќ, поранешен пратеник и портпарол на СДСМ. Тој влегува во трката заградоначалник на Центар и тоа заедно со актулениот Саша Богдановиќ и директорката на Инфективната клиника Милена Стефановиќ.
Во Аеродром битката за татко на општината ја водат актуелниот Златко Марин, а конкуренција му е и поранешниот пратеник Александар Филиповски. Во Карпош конкурираат актуелниот Стефан Богоев и директорот на „Водовод и канализација“ Душко Весковски.
За Прилеп најсериозни кандидати од СДСМ се Горан Сугаревски, кој ја напушти директорската функција во Царина и актуелниот градоначланик Илија Јовановски. Во Битола засега се тројца потенцијални кандидати, актуелната градоначалничка Наташа Петровска, потоа диркторот на ЕЛЕМ Васко Ковачевски и партискиот активист Христо Кондовски. Кандидати за градоначаници во Крива паланка се актуелниот градоначланик Борјанчо Мицевски и Сашко Митровски, секретар на општинската организаицја на СДСМ во овој град.
„Во посебна група СДСМ ги има ставено општините Струмица, Куманово, Карпош и Центар кои веројатно ќе бидат одлучувани во последната фаза, директно од лидерот Заев“, велат изворите.
Се брифираат и дел од имињата и кај ДУИ – во Гостивар Невзат Бејта, Во Тетово Теута Арифи. Најголемата битка кај интегративците е во Чаир- меѓу крилото на Изет Меџити и Артан Груби, а резибор бара и Висар Ганиу. Неизвесно е дали во Струга уште еден мандат ќе бара Мерко. Но, официјално од ДУИ велат нека конечни одлуки.
Иако нема конечна одлука БЕСА веројатно ќе оди со свои кандидати и тоа во Гостивар – пратеникот Фадил Зендели, во Тетово лидерот Касами, во Чаир – Кастриот Реџепи.
Во опозциската ВМРО-ДПМНЕ се уште без информации за имињата.
Кај Алијанса на Албанците пак, засега е извесно името на Арбен Таравари за нов мандат во Гостивар.