ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ, истакнувајќи дека обидот за претставување на Филип Андов Сокол како „жртва на политички прогон“ е очигледно сценарио од самата партија.

„Јасно беше уште од почетокот дека Сокол беше ставен во извршниот одбор на СДСМ за да може да се користи како средство за оправдување на сопствената вина. СДСМ е како буквар – прочитани се од сите“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека ваквите обиди „не поминуваат меѓу граѓаните“ и ги советува од СДС „што поскоро да се оградат и дистанцираат од криминалците во партијата, на чело со Заев и Филипче“. објави Скопје1.мк