Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномираната американска компанија Бехтел.

Проектот е вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши домашни компании.

Со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата.

Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија.

Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен.

Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите.

Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво.