ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на последната понуда од страна на СДСМ за градоначалници на престојните локални избори, коментира дека кандидатот за Куманово, Оливер Илиевски, му е братучед на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија, коментираат од најголемата опозициска партија.
Од таму додаваат дека кандидатот номиниран во Битола, пак како што велат, му бил бизнис партнер на премиерот Зоран Заев
– Во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев. Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.