СДСМ води фер кампања и ги соочува граѓаните со неизвршените ветувања, тврди Филипче
„Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува збор за еден дел од кампањата во којшто имаме обврска пред граѓаните да ги соочиме со тоа што ВМРО-ДПМНЕ ветуваше во пресрет на минатогодишните избори и што од тоа е исполнето. Понатаму, што советуваа од страна на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ пред четири години и што од тоа е реализирано. Тоа е наша обврска. И како што сами гледате во сите тие промотивни спотови, ние ништо не зборуваме – тие зборуваат. Тоа се нивни ветувања во кои близу 100% не се исполнети. Извинете, но тоа е наша обврска да ги информираме граѓаните. Тоа воопшто не е црна кампања“, рече Филипче.
СДСМ нема скриени намери, целта е информирање на граѓаните
Филипче додаде дека партијата немала скриени мотиви, туку напротив, должност им е да ја кажат вистината пред граѓаните.
„Разбирливо е дека кога владата нема со што да се пофали – нема ниту еден сериозен проект, нема ниту една категорија на граѓани кои се задоволни и видоа бенефит од ова работење на владата изминативе година и пол – ниту пензионерите, ниту работниците, ниту докторите, ниту наставниците, ниту земјоделците. Сè што останува е да се занимаваат со опозицијата“, додаде Филипче.