Мерките и политиките, што ги креира Владата предводена од СДСМ создаваат поволни услови за вложувања, кои ги препознаваат светски ренормирани компании и ја избираат нашата држава, како најпололна за инвестиции велат од СДСМ.
– Новата година започна со нова инвестиција на компанијата „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип во вредност од 40 милиони евра. И во време на светска економска криза, 2022 е година со најуспешни резултати кои компаниите ги остварија во Технолошки-индустриските развојни зони (ТИРЗ). За една година во ТИРЗ се вложени над 430 милиини евра нови инвестиции, отворени се 2.300 нови работни места. Во октомври лани се надмина и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година. И за странските и за домашните инвеститори, нудиме стабилност за вложувањата, добро платени и сигурни работни места за нашите граѓани се наведува во соопштението од партијата.