СДСМ реагираше на говорот на премиерот Христијан Мицкоски во Пелинце, обвинувајќи го него и ВМРО-ДПМНЕ дека повторно се обидуваат да создадат историски континуитет со АСНОМ, иако, според опозициската партија, таква организациска, идејна и кадровска поврзаност не постои.

„ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа е факт. СДСМ е политички наследник на АСНОМ и на антифашистичката борба. Тоа никој не може да го промени. Токму тоа најмногу го нервира Мицкоски – затоа што на државниот празник, денот на државноста нема место за неговата партија. Затоа се обидува на сила да создаде континуитет, онаму каде што не постои.“

Од СДСМ тврдат дека Мицкоски го искористил празникот Илинден за политички напади и повторно покажал дека, според нив, не може да биде премиер на сите граѓани. Во реакцијата тие изнесуваат и сериозни обвинувања дека власта ја водат партиски и лични интереси, а не патриотизмот.

„Дури и денес Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани. Го искористи Илинден за да ги нападне оние кои го разобличија неговиот лажен патриотизам. Тој не води држава – тој води организирана криминална група водена исклучиво од интерес, а не од патриотизам.“

Опозициската партија го обвини Мицкоски дека нема право да зборува за илинденските традиции, повикувајќи се на неговата претходна изјава дека ВМРО-ДПМНЕ е „про-македонска“ партија. Според СДСМ, актуелната власт ја блокира европската интеграција, ја изолира државата и го осиромашува населението, а истовремено држи говори за патриотизам и државност.

„Како и во времето на Ванчо Михајлов, и денес работат против интересите на Македонија: ја блокираат европската интеграција, ја изолираат земјата, ја ограбуваат државата и го осиромашуваат народот. А потоа држат говори за патриотизам и државност.“

СДСМ реагираше и на делот од говорот во кој Мицкоски повика идните генерации да ја продолжат борбата против омразата, цинизмот и „талогот“, обвинувајќи го дека токму тој со години ја поттикнувал поделбата меѓу „патриоти и предавници“ и користел навредливи квалификации за граѓаните.

„Прво – кои генерации? Младите масовно ја напуштаат земјата токму поради него и неговата банда. Второ – кој ја шири омразата? Кој ја водеше кампањата „предавници и патриоти“? Мицкоски. Кој дојде на власт со лаги? Мицкоски. Кој е циничен? Мицкоски. Кој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „медиокритети“ и „мочуриште“? Повторно Мицкоски. Со својот говор всушност ја повика цела Македонија да се бори против него“, стои во реакцијата.

По обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во кое таа порача дека државата се чува со вложување во младите, мудра надворешна политика и национално помирување, од СДСМ ја повикаа таквите пораки да му ги пренесе и на Мицкоски. Според опозициската партија, младите се иселуваат поради криминалот, корупцијата и изолацијата што, како што тврдат, ги создава актуе