Во период кога структурните реформи во државата се од суштинска важност, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одбраа да го репризираат стариот филм на бегање од одговорност и пласирање лажни вести.

Наместо јавно да каже кој е неговиот став за иднината на државата Мицкоски како и по обичај прибегна кон пласирање нови глупости во јавноста.

Во овој клучен период за нашата држава, не е време за нови бесмислени измислици што немаат никаква врска со реалноста, туку е време за глас за Европа во македонското Собрание.

И затоа уште еднаш ги повикуваме Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да размислат, да одлучат и конечно да одговорат дали ќе се приклучат на европскиот блок или ќе останат во заложништво на Левица и нивниот антиевропски, проруски деструктивен блок.