Поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини коменирајќи го ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, нагласува дека е потребна истрага и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Според Хајредини зад назначувањето на Мерко стои токму Ахмети и сите кадри што ги назначува лидерот на ДУИ одговараат пред него. Во однос на наводите за криминал и корупција на Мерко, Хајредини вели дека неговите активности ги криел поранешниот премиер Зоран Заев.
Заев беше тој што, за да дојде и да и остане на власт, се сложи да се забрани објавувањето на снимките за кривичните дела врзани и што произлегуваат од нелегалното прислушување. Тој што ја криеше корупцијата на Мерко и другите, сега седи во Струмица. Пред правосудството, генерален ремонт потребен е за Владата и премиерот, пишува Хајредини во неколку статуси објавени на својот Фејсбук профил.