Додека светот чека втората рунда мировни преговори конечно да почне, мир во Украина и денеска нема.

Додека светот чека втората рунда мировни преговори конечно да почне, мир во Украина и денеска нема. Руската офанзива влезе во втората недела, а руските трупи и официјално го зазедоа јужниот град Херсон, кој е првиот поголем град под нивна контрола. Сега Русија е целосно насочена кон освојување на јужниот пристанишен град Мариупол, каде неофицијално има повеќе десетици загинати цивили. Градот е под опсада на руските сили и целосно отсечен од земјата, чиј вели дека поради континуираното гранатирање не можат ги згрижат ранетите од улиците.

-Драги, мариуполци. Вчера беше најтешкиот, најсуровиот и најжестокиот ден од почетокот на војната. Немаме струја, немаме вода, немаме мобилни телефони. , изјави Вадим Бојченко, градоначалник на Мариупол.

На северот најжестоки битки се водат во Харков и Чернихив. Украинскиот претседател Зеленски соопшти дека од синоќа руските сили без прекин ги гранатираат украинските градови, но дека неговата војска успешно ги држи одбранбените линии. Вели немаме што да загубиме, освен слободата.

-Ќе ја обновиме секоја куќа, секоја улица, секој град. Затоа и велиме на Русија: научете го зборот репарации и обештетувања. Ќе ни компензирате за се што направивте против нашата држава, против секој Украинец.

Одете си дома. Заштитете ги луѓето што зборуваат руски. Не низ светот, туку дома. Таму има околу 150 милиони. , изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина

Москва порачува дека целта на Русија е да се ослободи од нацистите во Украина. Шефот на дипломатијата Лавров ги обвини западните сојузници дека наметуваат сопствена слика за иднината на Европа, а делувањето на Америка го спореди со она на нацистичка Германија.

-Знаете, едноставно ми паѓаат на ум следните споредби: едно време и Наполеон и Хитлер си поставија задача да ја потчинат Европа. Сега Американците ја презедоа. Јасно е дека во НАТО воопшто нема прашања, а на Европската унија и е посочено местото. Зошто западот ни одредува што е потребно за нашата безбедност. , изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Втората рунда преговори требаше да почне синоќа во местото Беложевска шума, на границата меѓу Белорусија и Полска. Таму од синоќа чека руската делегација. Портпаролот на Кремљ вели дека на украинските колеги очигледно не им се брза.

-Нашата делегација ќе биде на местото и ќе ги чека украинските преговарачи. Нашата делегација ќе биде подготвена да го продолжи разговорот вечерва. , изјави Песков, портпарол на Кремљ.

Во преговорите, Украина инсистира на итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи. Путин за возврат бара три услови – неутрален статус на Украина, нејзина демилитаризација и денацификација и признавање на рускиот суверенитет на Крим.