Парламентот на Шкотска го потврди Хaмза Јусаф за нов прв министер , еден ден откако тој беше избран за лидер на Шкотската национална партија (СНП).

Јусаф (37), кој официјално ќе положи заклетва на церемонијата утре, станува најмладиот прв министер во Шкотска.

Јусаф досега беше министер за здравство на Шкотска. Тој освои повеќе гласови од двајцата шкотски пратеници во трката за лидер на СНП, откако долгогодишната премиерка Никола Старџен минатиот месец неочекувано поднесе оставка.

Новиот лидер на СНП се соочува со предизвикот да ја обедини партијата и да даде нова енергија во кампањата за независност на Шкотска од Велика Британија.