Утринава во неколку училишта во скопската општина Аеродром повторно има дојави за поставени експлозивни направи.

Во моментот се евакуираат Основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Лазо Ангеловски“,„Александар Македонски“.

До овој момент поснато е дека има дојава и во основното училиште „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар.

Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.