Со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Собранието ја формира Анкетната комисија. Комисијата ќе утврдува околности за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија.

Целта е јасна: расветлување на пропустите и утврдување одговорност каде што постои. Исто така, унапредување на системите што треба да ги штитат граѓаните. Покрај Кочани, ќе се испитува и Модуларната болница во Тетово. Дополнително и компаниите Дурмо Турс и Беса Транс.

Денес, со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Собранието ја формира Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија, објави пратеникот Бране Петрушевски.