Лидерот на сириската опозиција на прва средба со поранешниот премиер кој се согласи да ја предаде власта на бунтовничките сили откако претседателот Асад и неговото семејство побегнаа во Русија.

„Ќе видите искуството не е нула. Во одредени области, тие имаа различни високи нивоа на успех. Сепак, нема да ги отфрлиме старите практики, од суштинско значење е да го искористиме нивното постоење“, изјави Ахмад ал-Шара, лидер на Хајат Тахрир Ал-Шам.

САД ги поздравија изјавите на водачите на сириските бунтовници за формирање инклузивна влада, но сепак, велат-напредокот ќе се мери со нивната подготвеност да ги следат овие обврски.

„Овој момент претставува историска можност, но носи и значителни ризици. ИСИС ќе се обиде да го искористи овој период за повторно да воспостави безбедни засолништа. Ние сме решени да не дозволиме тоа да се случи. Изјавите на бунтовничките водачи за овие цели се добредојдени. Но, вистинската мерка за нивната посветеност не е само она што го кажуваат, туку она што го прават“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Меѓународната заедница нема ништо против бунтовничките формации кои го соборија Асад бидејќи ги преземаат правилните чекори, но според британскиот премиер, сè уште е рано Хајат Тахрир ал Шам да се тргне од листата на терористички организации.

„Воопшто не се чека одлука за ова. Премногу е рано. Во моментов, фокусот треба да биде на разговорите со нашите сојузници, да се осигураме дека ова е можност за Сирија, да работиме и да се осигураме дека е мирна можност“, изјави Кир Стармер, премиер на Обединетото Кралство.

Сирија апелираше до Советот за безбедност на ОН да ја запрат израелската агресија врз земјата откако Тел Авив продолжи со нападите. Погодени се три главни воени воздушни бази и друга стратешка инфраструктура на североистокот и југозападот од земјата.

„Генералниот секретар повика за смиреност и избегнување насилство во овој чувствителен момент. Потребна поддршка од меѓународната заедница за да се осигури дека секоја политичка транзиција е инклузивна и сеопфатна и дека ги исполнува легитимните аспирации на сирискиот народ“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН.

По состанокот зад затворени врати на Советот за безбедност, дипломатите обединети дека Сирија треба да ја зачува својата територија и единство.