Започна демонтажата на стариот радар
По одржаниот Kick-off состанок со тимот на Леонардо и домашните компании ангажирани како подизведувачи, кој се одржа на 01.12.2025 година, денес официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар.
Оваа фаза претставува значаен чекор во рамки на проектот за модернизација на системите за надзор на воздушниот сообраќај. Процесот се реализира со висок степен на координација и професионална посветеност, при што посебно се истакнува напорното залагање, ангажманот и експертизата на стручниот и технички персонал, кој има клучна улога во реализацијата на ваков комплексен проект.
По завршувањето на демонтажата, ќе следуваат дополнителни градежни активности за поставување на новата конструкција, како и инсталација на новиот современ Мод S радар, со што значително ќе се унапреди безбедноста и ефикасноста на управувањето со воздушниот сообраќај.
Нов радар во функција од јуни 2026 година
Согласно предвидената динамика, целосното пуштање на новиот радар во оперативна употреба се очекува во јуни 2026 година.
Менаџментот, во тесна соработка со Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт, останува цврсто посветен на спроведување и конечно завршување на стратешките проекти, кои од неразбирливи причини со години тапкале во место, со јасна цел – модерна, безбедна и функционална воздухопловна инфраструктура.
