Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ги посети тешко повредените во масакрите во основното училиште „Владислав Рибникар“ и Мали Орашје кај Смедерево.
Тие се лекуваат во Клиничкиот центар на Србија, дознава „Новости“.
Шефот на државата беше придружуван од директорот на Клиничкиот центар на Србија, д-р Милика Ашанин, како и првиот човек на Ургентниот центар Марко Ерчеговац.
„Се надевам и верувам во силата на тешко повредените во двата масакра, во училиштето ‘Владислав Рибникар’ и Мали Орашје, дека ќе издржат се и ќе победат. Се молам за нивните животи и брзо закрепнување“, стои во описот на видеото на Инстаграм профилот на српскиот претседател.