Поранешниот врховен командант и сегашен амбасадор во Лондон, Валери Залужни, изјави дека земјата треба да се помири со реалноста. Тој порача дека Украина никогаш нема да се врати границите од советската ера или од пред руската инвазија во 2022 година.

  • „Се надевам дека овде нема луѓе што веруваат во чуда. Украина никогаш нема да се врати на границите од 1991 или од 2022. Магична среќа не постои“, рече Залужни на форум во Киев. Неговите зборови ги пренесе РБК Украина.

Изјавата доаѓа во време кога Киев сè почесто зборува за примирје. Зеленски, сепак, официјално инсистира на враќање на Крим и сите окупирани територии.

„Непријателот сè уште има ресурси и може да продолжи со напади“, додаде Залужни.

Тој предупреди дека Русија не е исцрпена во воените напори.

Залужни беше сменет од функцијата во февруари 2024 поради несогласувања со Зеленски. Причината беше неуспешната контраофанзива во 2023 и неговите изјави за исцрпувачка војна. Овие ставови беа спротивни на оптимистичките пораки на Зеленски. По смената, Залужни во март 2024 стана амбасадор во Велика Британија. Тој останува еден од најпопуларните украински политичари.

Анкетите покажуваат раст на рејтингот на Зеленски по судирот со Доналд Трамп. Состанокот во Белата куќа во февруари ја зголеми неговата популарност. Залужни, и покрај смената, ја надминуваше популарноста на Зеленски во тој период.

Plusinfo