Владата на Косово објави дека се подготвени да придонесат за смирување на тензиите во северно Косово а првиот чекор кој ќе ге преземат во таа насока е намалување на полициксите сили во и околу општинските згради во српските општини.
– Тоа значи дека веднаш ќе го намалиме бројот на полицајци присутни внатре во општинските згради или во нивна близина за 1/4. Значи, 25 отсто од полицајците ќе бидат преместени на други места во истите општини и ќе ги продолжат своите работни задачи онаму каде што им е повеќе потребно, бидејќи сметаме дека ситуацијата во близина на општинските згради во изминатите две недели беше многу помирна, кажа Курти.
Како дел од планот за деескалација е и Дополнително намалување на полцииските сили во општинските згради и околу нив, а по летната сеозна одржување предвремени избори во Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ и Северна Митровица истакна Курти. Насилството во северно Косово, каде што живеат околу 50 000 Срби и сочинуваат мнозинство, избвувна кон крајот на мај, откако албанските градоначалници ја презедоа фунцкијата по изборите бојкотирани од Србите, барајќи спроведување на договорот за поголема автономија.