Изгледите на холандскиот премиер Марк Руте за формирање нова влада се намалуваат, откако коалицискиот партнер за кого се смета дека е од најголема важност за обезбедување парламентарно мнозинство денеска одби да се приклучи на неговата нова администрација.

– Не сакаме да се вратиме на вообичаената работа. Не можеме да бидеме дел од четвртата влада на Руте, изјави лидерот на Христијанската унија Херт Јан Сегерс за холандскиот весник „Недерландс дагблад“.

Христијанската унија е една од четирите партии во владата предводена од Народната партија на за слобода и демократија (ВВД) на Руте од 2017 година.

Руте вчера „преживеа“ гласање недоверба за неговата техничка влада, што следеше откако беше обвинет за лага и нарушување на довербата на јавноста во политичарите.