Двајца уапсени за грабежот во Лувр

Двајца мажи се приведени во рамки на истрагата за грабежот на накит од музејот Лувр во Париз, потврдија извори блиски до истрагата.

Апсење на аеродромот Шарл де Гол

Еден од осомничените бил уапсен на аеродромот Шарл де Гол, непосредно пред да замине во странство, пренесуваат „Паризиен“ и „Пари-Мач“. Вториот бил приведен кусо потоа во париско предградие.

Грабежот траел само седум минути

Според информациите, во неделата наутро, на 19 октомври, четворица крадци провалиле во Галеријата Аполон каде што се изложени кралските накити на Франција. Тие однеле девет парчиња накит и побегнале со скутери. Целиот грабеж траел само околу седум минути. Двајцата приведени се осомничени за кражба и злосторничко здружение.