Заменик-министерката за здравство Маја Манолева се огласи по повод неработењето на 15-те хируршки сали во рамките на Клиничкиот центар поради непозната и непријатна миризба.
Граѓаните во моментов чекаат операција на жолчка, колк, малигно потенцијално заболување, а некои од нив се препраѓаат во другите болници.
Манолева во вестите на „Сител“ рече дека на средба со директорите на клиниките пронашле некои алтернативни решенија, но не и целосно решавање на центарот
– Ќе се постават надворешни компресори и садови со компромиран вопздух. Оператовниот план ќе се реализитра со одлука на стручни колегиуми во рамки на секоја клиника, рече Манолева.
Слично како и министерот Илир Демири, и таа ќе бара итна реакција од Владата на седница.
– Заеднички служби за потребите на здравството да се задолжат како посебна устанива за итна набавка и промена на компресорската станица и инсталацијата за довод на компромиран воздух, додаде таа.