– Заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа -велат од ЕСМ во соопштението.

Според изјавата, се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

– Во меѓувреме АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади -додаваат во соопштението.