Приватните превозници најавуваат дека ако не се најде решение во понеделник е планирано да се блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Црвен крст и булеварот Илинден, целосна блокада на Град Скопје, а најава има и за заслување и радикализиранње на протестите, но во каква смисла ќе бидат сѐ уште не се знае.

Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат десната лента на булеварот Илинден од Владата до раскрсницата кај Ми-Да.

– Коорданитвното тело на приватните превозници одлучи да блокира. Утре од 6 часот ќе се блокира Илинденска од потегот од Владата до раскрсницата кај Воена болница и тоа само едната лента, каде што ќе бидат поставени 200 автобуси. Причината е градоначалничката Данела Арсовска и останатите граѓани да дознаат дека имаме голем број автобуси. Засега не можеме да кажеме до кога ќе бидат поставени таму. Не знаеме дали ќе бидат и за време на викендот. Доколку не се случи ништо, тие од понеделник исто ќе бидат таму. Ќе чекаме некој да се дрзне да се договори со нас и да биде во јавниот интерес. Ако не сака Арсовска, нека најде некои други за да најдеме решение за проблемот – рече Ленин Јовановски на денешната прес-конференција.

Приватните превозници најавуваат дека ако не се најде решение во понеделник е планирано да се блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Црвен крст и булеварот Илинден, целосна блокада на Град Скопје, а најава има и за заслување и радикализиранње на протестите, но во каква смисла ќе бидат сѐ уште не се знае.

Јовановски на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и со директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците, па ќе се обидат тоа да го постигнат за време на викендот, ако не ќе продолжат со блокадите.