Дел од пациентите побарале да останат подолго

Во рехабилитацискиот центар „Пониква“ во тек е закрепнување на првата група пациенти повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Министерството за здравство соопшти дека со нив работи стручен тим составен од пет физиотерапевти, физијатар и општ хирург, кои внимателно го следат процесот на нивно опоравување.

„Дел од повредените изразија желба да останат и понатаму во центарот, заедно со втората група пациенти што треба да пристигне“, информираше министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција.

Повредените во странство – стабилни, тројца сè уште на лекување во странство

Во добра и стабилна здравствена состојба се и пациентите кои беа лекувани во странство и се веќе вратени во земјава. Според Алиу, тројца повредени сè уште се надвор од државата – двајца се лекуваат во Турција, а еден во Словенија. Вториот бран пациенти кои треба да се префрлат на Пониква ќе заминат од средината на јули.

Министерот најави подобрување на условите во Кочани

„Планираме да изработиме анализи и протоколи за упатување со јасни индикатори за тоа дали еден доктор навистина го услужува пациентот или само го пренасочува на Клиника“, додаде тој.

По сериозните обвинувања на родителите на жртвите – дека нивните деца починале поради недостаток на опрема во болницата во Кочани – министерот Алиу најави дека ќе се работи на подобрување на условите во оваа здравствена установа. Тој откри и загрижувачка состојба во здравствениот систем.

Министерот категоричен за нивното понатамошно лекување.

„Во моментов, дури 70 проценти од пациентите од терцијарното ниво требало да бидат на секундарно, што создава огромен метеж и долги листи за чекање“, изјави Алиу.

Извор: МРТ