За „нов почеток“ со цел „политичка промена“, како што се централните слогани, од денеска до недела грчката опозициска партија СИРИЗА ќе го одржи третиот конгрес, на кој поканет да присуствува е и поранешниот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Партискиот конгрес ќе започне попладнево во Атина, со говор на лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, а во следните денови ќе биде и учеството на поранешниот македонски премиер.

Во рамките на конгресот ќе се одржат и различни тематски дискусии посветени на пандемијата, војната во Украина, економијата, енергетиката, климатската криза итн.