Дел од експертите потрагата по исчезнатата туристичката подморница ја споредуваат со обид да се лоцира исчезнат вселенски брод на далечната страна од Месечината. Изминаа и последните часови за кои се сметаше дека ќе има кислород за екипажот, а се поставува и прашањето дали воопшто функционира електрониката. Научниците сметаат дека т.н. „златни часови“ на преживување во првите 24 часа се клучни, а се поверотајно е дека Титан е заглавен или во некој подводен кањон или во челичните конструкции на веќе потонатиот Титаник.
„Имате три предизвици, првенствено огромната длабочина на водата, притисокот на дното, значи може да биде било каде од површината до дното. Очигледно има струи наоколу, тоа не е само чинија полна со вода, така што го имате океанот наоколу, а има различни слоеви вода во него, можат непредвиддливо да се оддалечат во различни области. И доколку се наоѓа на дното, а тоа не е рамно, океанското дно е прилично нерамномерно, на пример Азиското дно е над морското дно, така што може да биде во подморски кањон, а тоа тешко е да се лоцира. Дури и може да е внатре некаде под остатоците на самиот „Титаник“.“-Д-р Џејми Прингл, Форензичар геостратег.
Во потрагата се вклучени уште десетина врвни бродови и подморници, спасувачките тимови и натаму се оптимисти, иако точното место на кое се наоѓа малиот брод Титан не е познат. Мали шанси има во сознанијата дека на 4 километри под вода, температурите се екстремно ниски, поради што дишењето на петтемина е отежнато, одтука се претпоставува дека и кислородот ќе трае подолго.
„Дијаметарот на потопната е всушност значително помал од оваа комора. Значи, поради ограничениот простор што можете да го замислите, знаете, колку е тешко да се контролира внатрешната средина, ја знаете влажноста, температурата, нивото на кислород и јаглерод диоксидот. Но, ако се уште се живи, најверојатно прават сè што е можно, тие се паметни и ги знаат потребните чекори.“-д-р Кен Ледез, експерт за хипербарична медицина.
Останува енигма зошто малата подморница „Титан“ која што била на дизајнирана да се врати на површината по 24 часа од нурнувањето во вода. Американската крајбрежна стража и натаму регистрира звуци кои доаѓаат од околината на Њуфаундленд, но не е потврдено дали тие, како и звуците кои беа регистрирани изминатиот период со сигурност дошле од подморницата. Се смета дека, ако садот е сè уште недопрен, може да му преостанат само неколку часа кислород, што создава трка со времето за да се најде подножјето пред да биде предоцна. Потрагата е проширена, со авиони и бродови, како и далечински управувани возила, кои пребаруваат околу 26000 квадратни километри од океанот.