Мистериозна поплава се случила во простории на Јавното обвинителство на Република Македонија минатата недела.

Поплавата според информациите на expres.mk се случила во простории на обвинителстовото кои се наоѓаат во зградата на старото СЈО а поплавила и простории на обвинители во кои имало документи од активни предмети.

Извори во ЈО кои знаат за предметите за expres.mk велат дека копии од сите предмети има во архивата на обвинителството но дека многу од оригиналните документи може да се во канцелариите на обвинителите и не исклучуваат целосно дека е можно некои документи да бидат трајно уништени во поплавата.

Поплавата се случила само неколку дена откако беше суспендирана обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска која водеше предистраги за неколку крупни функционери на СДСМ и ДУИ или луѓе блиски на власта.

Обвинителството досега не ја информирало јавноста за поплава или друг инцидент кој би можел да уништи документација од предмети кои ги води оваа институција.