СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради сомнение за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година жената се породила во ЈЗУ Општа болница Велес. По породувањето, со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и го оставила новороденото бебе.
Случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
