– Во периодот од август до ноември 2020 година во Штип, пријавениот лажно се претставувал и две лица од Штип довел во заблуда дека лекува болести. Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари – велат од МВР.
Се претставувал како лекар и измамувал луѓе: Двајца штипјани оштетени за 800.000 денари
С
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.М.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”, информира МВР.