Три лица загинаа, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Словенија. Како што јавуваат словенечките медиуми, несреќата се случила на автопатот кон Марибор кога романски автобус се превртел рано утрото околу пет часот наутро.

Истрагата на местото на несреќата се уште е во тек. Се уште не е позната причината за несреќата.