Вчера околу 11.00 часот во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.
Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје. Увид извршила увидна екипа од Кавадарци, се вели во полицискиот билтен.