Кризата во ФК Шкупи се продлабочува

Во фудбалскиот клуб Шкупи владее сериозен хаос, кој во моментов изгледа тешко решлив. Поради тоа, протестот на навивачите на последниот натпревар против Шкендија беше сосема оправдан. Погледнете од веста во продолжение што се случуваше на претходниот натпревар.

СО МЛАДИНЦИ И БЕЗ РЕЗЕРВИ: Шкупи во хаос, дали е можен излез од прва лига?

Тимот без клучни играчи и со минимален ростер

Во првото коло, Шкупи едвај успеа да состави тим, настапувајќи со седум младинци и само десет регистрирани професионалци – бројка помала од минималните 15 предвидени од ФФМ, поради што доби попуст од федерацијата. На клупата имаше само четири резерви, од кои двајца голмани. На теренот единствени искусни фудбалери беа Али Адем, Џихан Адили, Сухељ Мухарем и голманот Гроте. Дополнителен удар за клубот е заминувањето на Ринор Ајдини во Арсими, а се очекува да си заминат и Емануел Аворнио, Келемн Ансах, Ел Хаџи Гаје и Арсим Љамалари, кои немаат важечки договори.

Проблеми со тренерот и стадионот

Ситуацијата дополнително се комплицира со отсуството на тренерот Бобан Бабунски, кој без објаснување не беше на клупата, а го замени Умит Шахин. За второто коло против Силекс, Шкупи се соочува и со инфраструктурен проблем – нивниот стадион не ги исполнува условите за ВАР, па не добија дозвола да играат во Чаир. Ако не дојде до радикален пресврт, клубот во вакви услови тешко дека ќе издржи уште долго.

Извор: 24фудбал