На 17.12.2022 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица затоа што околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.