Амбасадата во Абу Даби во координација со локалните власти
Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби информира дека се разгледуваат опции за репатријација и евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати.
Како што соопштија, една од можностите што се анализира е излез преку копнената граница со Султанатот на Оман.
Од амбасадата посочуваат дека во изминатиот период ограничен број летови успеале да полетаат од аеродромите во Абу Даби и Дубаи.
– Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа целна мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер зоните по овие аеродроми. Во таа насока, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, одма по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање, се наведува во објавата на македонската амбасада во Абу Даби на нивниот фејсбук профил.
Повик до граѓаните да се пријават
Амбасадата ги повикува сите заинтересирани лица да стапат во контакт со дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби.
На располагање е дежурен мобилен број: +971 56 441 7532.
Граѓаните можат да се обратат и на електронската адреса: abudabi@mfa.gov.mk.
